20 април, 2025
ПочетнаСВЕТПутин го собра веселото друштво во Казан(ФОТО)

Путин го собра веселото друштво во Казан(ФОТО)

Претседателот на Русија, Владимир Путин, организираше прием за учесниците на самитот на БРИКС, кој годинава се одржува во Казан.

Главни гости на Путин беа лидерите на двете најнаселени земји во светот, кинескиот претседател Си Џинпинг и индискиот премиер Нарендра Моди.

Фотографиите од свечената вечера доловија интимни и радосни моменти меѓу светските лидери и многу здравици со шампањ.

Во рускиот град Казан од 22 октомври до денеска се одржува самитот на организацијата БРИКС, а на него учествуваат претставници на 36 земји, како и на шест меѓународни организации.

Групата БРИКС е основана во 2006 година од Бразил, Русија, Индија и Кина, а Јужна Африка и се приклучи во 2011 година.

Од 1 јануари 2024 година, Египет, Етиопија, Иран, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати се приклучија на БРИКС како полноправни членки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП