4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ ја одби Унгарија

ММФ ја одби Унгарија

P

Унгарија се подготвува да се задолжи на меѓународните финансиски пазари, откако Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) го одби нејзиното барање за флексибилна кредитна линија, објави во средата, премиерот Виктор Орбан.

„Унгарија побара флексибилна кредитна линија а ММФ на крајот рече НЕ“, изјави Орбан на семинарот во Брисел.

Будимпешта бараше превентивна финансиска поддршка, а ММФ инсистираше на резервен кредитен аранжман кој со себе носи одредени услови и мониторинг.

„Преговорите сеуште се отворени, но сега сме многу блиску до тоа „НЕ““, изјави Орбан.

Тој додаде дека неговата земја во текот на наредната недела ќе се задолжи на меѓународните финансиски пазари, за прв пат од 2011 година. Планирано е и издавање на обврзници во странски валути.

„Ние веројатно ќе излеземе на пазарот во текот на овој или во почетокот на наредниот месец“, изјави Орбан.

Унгарија сеуште не го отплати кредитот од 20 милијарди евра, кој во 2008 година и беше одобрен од страна на ММФ и Европската унија, а во аранжманот учествуваше и Светската банка. Помошта за Будимпешта беше одобрена за да се спречи колапсот на домашниот пазар и банкарскиот систем.

На крајот од минатата недела, владата пред рокот на доспевање, ја отплати кредитната транша во износ од 607 милиони евра, со цел да го подготви теренот за обврзници, за да ја елиминира потребата за нов меѓународен заем.

Будимпешта минатата година преговараше со ММФ и ЕУ за финансиска поддршка, но преговорите застанаа кога таа ги одби барањата да ја намали јавната потрошувачка и да се откаже од мерките како што се големите даноци за финансиските и енергетските компании.

Неуспехот на преговорите подразбира дека земјата ќе биде принудена да ги разреши своите долгови без поддршка од ММФ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП