21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПросечната плата во Хрватска за август 1.324 евра

Просечната плата во Хрватска за август 1.324 евра

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во Хрватска во август изнесува 1.324 евра, што е номинално повисока за 13,8 отсто, а реално за 11,8 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика на Хрватска(CBS).

Споредено со платата за јули годинава, просечната нето плата за август номинално и реално е повисока за по 0,7 отсто.

Највисока просечна месечна исплатена нето-плата е исплатена во индустријата за авиосообраќај во износ од 2.222 евра, а најниска во производството на облека 838 евра.

Според извештајот на CBS, медијалната нето плата за август изнесувала 1.134 евра, што значи дека половина од вработените имале помалку, а половина повеќе од таа сума.

Просечната месечна бруто-плата по вработен за август изнесувала 1.838 евра, што номинално и реално е за 0,9 отсто повисока од јули.

На годишно ниво, просечната бруто-плата номинално е повисока за 13,9 отсто, а реално за 11,9 отсто.

Како и кај нето платите, највисока просечна месечна бруто-плата за август 2024 година има во авионскиот транспорт, 3.252 евра, а најниска во производството на облека, 1.085 евра.

За периодот од јануари до август 2024 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен изнесува 1.302 евра, што е номинално повисока за 15,1 отсто, а реално за 11,5 отсто во однос на истиот период лани.

Истовремено, просечната месечна бруто-плата изнесува 1.798 евра, што е номинално повисока за 15,3 отсто и реално за 11,7 отсто во однос на истиот период лани.

Просечната месечна исплатена нето саатница за август изнесува 7,39 евра, што е за 4,5 отсто повеќе во однос на јули, а за 18,2 отсто повеќе во однос на август лани, покажуваат податоците на Си-би-ес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП