9 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија поради санкциите течен гас ќе носи со нуклеарни подморници!

Русија поради санкциите течен гас ќе носи со нуклеарни подморници!

На Русија ѝ недостигаат техничките можности да учествува во новиот правец на гас – снабдување со течен гас, коментираат учесниците на меѓународниот форум за гас во Пербург, кој се одржа на крајот на минатата недела.

За време на дискусиите на форумот, консултантската компанија „Kept“ истакна дека течниот гас е еден од енергетските сектори со најдинамички развој. Во периодот 2010-2023 година, потрошувачката е зголемена за 80% во однос на 27% за цевководен гас во истиот период. Сепак, Русија нема технички можности за развој на секторот поради западните санкции.

„Мораме или да ги надминеме овие санкции, или самите да одиме по патот, кој им требаше 20-30 години за другите земји“, коментира Сергеј Романов, еден од директорите во Министерството за енергетика, цитиран од организаторите. Тој напоменува дека поддршка може да се обезбеди со развојот на внатрешниот пазар.

„Пазарот на течен гас е управуван од компании, а не од државите“, вели членот на Руската академија на науките (РАН) Станислав Жуков.

Според него, ќе се најдат решенија, иако за тоа ќе биде потребно време, а секое доцнење го отежнува уште повеќе влезот на пазарот.

Постојат две можности рускиот течен гас да стигне до светските пазари – по море или по копно, пренесува „Kept“. Офшор-сценариото е речиси невозможно поради конкуренцијата, а континенталното се потпира на побарувачката во Евроазија.

За време на форумот, исто така, стана јасно дека Русија размислува за иновација што би можела да го направи течниот гас конкурентен на пазарите. Тој се потпира на пренос преку Северниот морски пат, што значително го скратува времето за испорака до главниот преостанат пазар на рускиот гас – Кина.

Американските санкции сепак ја запираат идејата – плановите пред војната во Украина беа испораките да бидат со специјални ледени танкери што ги нарача „Новатек“. Сепак, испораките беа одбиени, а САД и ЕУ воведоа повеќе санкции околу течниот гас од Русија, што всушност ги запира технологиите потребни на секторот.

На предлог на технолошкиот „Корчатов институт“, течниот гас од проектот „Новатек“ – „Арктик ЛНГ 2“ ќе може да се транспортира со нуклеарни подморници.

Раководител на институтот е Михаил Ковалчук. Неговиот брат Јури, наречен „личен банкар на Владимир Путин“, е член на Управниот одбор на Банката Русија, со седиште во Санкт Петербург.

„Станува збор за создавање на фундаментално нова класа на водни бродови кои ќе бидат алтернатива на традиционалните танкери со гас, кои не можат да минуваат низ Северниот морски пат во текот на целата година поради условите во Арктичкото Море“, се вели во публикацијата што фрла светлина на предлог на „Offshore Marintec Russia 2024“.

Според информациите, идејата настанала на почетокот на векот и му била претставена на рускиот претседател Владимир Путин во септември 2024-та година. Сега Институт Корчатов и „Гаспром“ работат заедно на овој проект.

Според достапните информации, нуклеарните подморници ќе бидат долги 360 метри и не повеќе од 70 метри широки и ќе бидат придвижувани од моторите RITM-200 што се користат за руските мразокршачи.

Сепак, некои експерти се скептични дека оваа идеја ќе успее – според нив Русија нема капацитет да изгради ваква подморница.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП