8 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗЅвер на тркала: Ова е најсилното Ферари досега (ФОТО+ВИДЕО)

Ѕвер на тркала: Ова е најсилното Ферари досега (ФОТО+ВИДЕО)

„Ферари“ претстави нов суперавтомобил, кој беше наречен „суперавтомобил од соништата“.

Речиси на секои 10 години „Ферари“ претставува супер модел кој заминува во историјата. Тоа се случи со GTO, F40, F50, а ќе се случи и со штотуку претставеното „ферари“ F80, кое е и официјалното име на „супер автомобилот од соништата“.

Маранело предвиде вкупно 799 примероци кои веќе се продадени по цена од три милиони и 600.000 евра.

Новото „Ферари“ е направено за две лица, иако внатрешноста наликува на автомобил за едно лице.

Со фантастичен дизајн, ова „ферари“ има два фарови кои повеќе не наликуваат на две очи, туку се сместени во еден вид црн визир.

Хибридниот систем на новото Ferrari за прв пат има електричен мотор кој е целосно дизајниран, тестиран и произведен во Маранело.

Дизајнот е комбинација од црвен горен дел од титаниум, јаглерод и алуминиум и долен дел од обоени карбонски влакна и е сосема нова асиметрична форма. Тој е пет проценти полесен од LaFerrari, но 50 проценти поцврст.

Ferrari F80 најсилниот досега

Моделот F80 е најмоќниот автомобил што излегол од Маранело.

Има V6 термички мотор од 900 коњи, поврзан со хибриден систем од 300 коњи, што му дава комплексна моќност од 1.200 коњи. Станува збор за автомобил чија максимална брзина е 350 километри на час и кој до 100 километри на час достигнува за 2,15 секунди, а 200 километри за 5,75 секунди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП