22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во еврозоната и светот веројатно ќе останат над целта од 2%

Инфлацијата во еврозоната и светот веројатно ќе останат над целта од 2%

Економистите очекуваат дека инфлацијата во еврозоната ќе остане над целта на Европската централна банка од 2 отсто на среден рок. Тоа го покажува истражувањето објавено од германскиот институт „Ifo“ во средата, еден ден пред следниот состанок на монетарната власт, на кој ќе треба да се одлучи дали да се намалат каматните стапки по трет пат оваа година.

Експертите прогнозираат дека инфлацијата во валутната унија ќе достигне 2,6% во 2024-та година, според кварталното истражување, кое „Ifo“ го спроведе заедно со Швајцарскиот институт за економска политика.

Инфлацијата најверојатно ќе достигне 2,4% во Германија, 3,1% во Австрија и 2,3% во Франција.

„Поради овие инфлаторни очекувања, централните банки во регионот би можеле да се воздржат од понатамошно намалување на каматните стапки“, рече истражувачот на „Ifo“, Никлас Потрафке.

На глобално ниво, инфлацијата би можела да достигне 4% во 2024-та година, 3,9% следната година и 3,6% во 2027-ма година. За разлика од претходниот квартал, учесниците во истражувањето повеќе не очекуваат натамошен пад на цените во 2024-та година, истакна Потрафке.

Инфлациските очекувања во 2024-та година во Западна Европа (2,5%) и Северна Америка (2,7%) се далеку под глобалниот просек. Проценките за оваа година се намалени за 0,1 и 0,4 процентни поени во однос на податоците од истражувањето во вториот квартал. За 2027-ма година, експертите се уште очекуваат инфлација од 2,1 отсто во Западна Европа и 2,4 отсто во Северна Америка.

Во другите делови на Стариот континент, пак, очекувањата за инфлација за 2027-ма година се повисоки: 2,7 отсто за Северна Европа, 3 отсто за Јужна Европа и 5,9 отсто за Источна Европа. Меѓу регионите со особено високи очекувања за инфлација (над 20 проценти) се Јужна Америка и големи делови од Африка.

И покрај тие прогнози, ЕЦБ се очекува да продолжи кон дополнително намалување на трошоците за задолжување оваа недела, при што претседателката на финансиската институција, Кристин Лагард, рече дека довербата во забавувањето на инфлацијата засега ќе се одрази во одлуката.

Минатиот месец инфлацијата во еврозоната забави под целта на Европската централна банка од 2%, достигнувајќи ниво од 1,8%. Бројката се совпадна со очекувањата на економистите анкетирани од „Reuters“, откако годишната инфлација достигна тригодишен минимум од 2,2 отсто во август.

Во истражувањето на институтот, спроведено од 17-ти септември до 1-ви октомври 2024-та година, учествуваа вкупно 1.514 економски експерти од 119 земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП