На Wall Street цените на акциите пораснаа, при што индексот Dow Jones достигна ново рекордно високо ниво, најмногу благодарение на растот во банкарскиот сектор.
Dow Jones зајакна 0,79 отсто, на 43.077 поени, додека S&P 500 порасна за 0,47 отсто, на 5.842 поени, а индексот Nasdaq 0,28 отсто, на 18.367 поени.
Така, индексите ги надоместија загубите од претходниот ден, но за разлика од Dow Jones, S&P 500 не достигна ново рекордно ниво.
Најмногу вчера пораснаа цените на акциите во банкарскиот сектор, бидејќи инвеститорите беа развеселини од подобрите од очекуваните квартални деловни резултати на Morgan Stanley.
Цената на акцијата на таа банка скокна за 6,5 отсто, па индексот на банкарскиот сектор порасна за 1,2 отсто.
Значително порасна и индексот на регионалните банки, за 1,5 отсто.
Од друга страна, паднаа цените на големите технолошки компании. Акциите на Alphabet, Apple, Meta Platforms и Microsoft паднаа меѓу 0,2 и 1,6 отсто.
„Мислам дека се работи за ротација од некои големи технолошки компании во големи финансиски компании. Околината со овие каматни стапки е попогодна за банкарска заработка, додека од друга страна веќе е изграден голем оптимизам во однос на развојот на вештачката интелигенција во цените на акциите на технолошките компании“, вели Мајкл Кантровиц, стратег во Piper Sandler.
Инвеститорите се фокусирани на квартални деловни извештаи. Повеќе од 40 компании и банки неделава ќе ги објават своите извештаи.
Аналитичарите анкетирани од Ројтерс проценуваат дека заработката на компаниите од индексот S&P 500 во третиот квартал во просек ќе биде околу 5 отсто поголема во споредба со истиот период минатата година.
И на повеќето европски берзи цените на акциите вчера паднаа. Сепак, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,97 отсто, на 8.329 поени, но франкфуртски DAX се лизна за 0,27 отсто, на 19.432 поени, а париски CAC 0,40 отсто, на 7.492 поени.