21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПобарувачката за кредити во еврозоната зајакна во третиот квартал

Побарувачката за кредити во еврозоната зајакна во третиот квартал

Побарувачката за банкарски кредити во еврозоната е зголемена во третиот квартал, а се очекува таа да се зголеми во последните три месеци од годинава, поддржана од побарувачката на граѓаните за хипотекарни заеми, покажува истражувањето на Европската централна банка (ЕЦБ).

Кредитирањето на компаниите и домаќинствата во еврозоната закрепна во летните месеци кога Европската централна банка почна да ги намалува клучните каматни стапки, заклучувајќи дека го спречила растот на цените со својата рестриктивна монетарна политика.

„Условите за финансирање остануваат рестриктивни, а економската активност сè уште е пригушена, што ја одразува слабата лична потрошувачка и инвестиции“, забележаа тие на септемвриската сесија, намалувајќи ги каматните стапки за уште една четвртина од процентниот поен.

Претставници на управниот совет на ЕЦБ сигнализираа дека банката повторно ќе ги намали на седницата во четврток.

Од друга страна, во услови на намалени трошоци за задолжување, банките пријавија умерено нето-зголемување на корпоративната побарувачка за заеми или кредитни линии во третиот квартал, за прв пат од третиот квартал на 2022 година, но нагласија дека, во целина, таа е сè уште слаба, соопшти ЕЦБ во резултатите од тримесечното истражување меѓу 156 големи кредитори.

Компаниите се повеќе бараат заеми, но не и за инвестиции, забележува ЕЦБ.

Нето побарувачката за станбени кредити силно закрепна, благодарение на пониските каматни стапки и подобрените изгледи на пазарот на недвижности.

Во овој квартал банките очекуваат натамошен раст на нето-побарувачката во сите сегменти од кредитите, особено оние за купување станови.

Пониските каматни стапки значат и пониски кредитни маржи за кредиторите, кои првпат од крајот на 2022 година го пријавија негативното влијание на монетарната политика на ЕЦБ врз овој деловен показател.

„Банките очекуваат негативното нето влијание врз маржите поврзани со каматната политика на ЕЦБ да се продлабочи и да резултира со пад на вкупната профитабилност од високите нивоа постигнати во текот на циклусот на затегнување на политиките 2022-2023 година“, се вели во резултатите од истражувањето на ЕЦБ.

Банките во третиот квартал не ги променија критериумите за одобрување кредити на фирмите, но може да ги заострат на крајот на годината. Ги релаксираа критериумите за хипотекарните кредити, а овој тренд очекуваат да продолжи и во четвртиот квартал, покажа кварталниот извештај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП