24 јуни, 2025
ПочетнаКОМПАНИИПотона профитот на Lufthansa

Потона профитот на Lufthansa

C

Нето профитот на германскиот авиопревозник „Lufthansa“ потона во периодот од јануари до септември за 65 проценти, на 247 милиони евра, од 697 милиони евра кои беа забележани во истиот период минатата година.

За загубата придонесоа трошоците за реструктуирање на компанијата и некои други еднократни трошоци, но „Lufthansa“ порача дека остварила напредок во областа за контролирање на трошоците, и дека нејзиното патничко одделение значително придонело за приходите, се вели во соопштението на компанијата, пренесува агенцијата АП.

Вкупните приходи на „Lufthansa“ во тој период беа за 0,2 проценти помали од оние од минатата година, односно 22,76 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар