21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Македонија лани имало 68 004 активни фирми, оствариле вкупен промет од...

Во Македонија лани имало 68 004 активни фирми, оствариле вкупен промет од 33,8 милијарди евра

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во 2023 година 68 004 пазарно ориентирани деловни субјекти, активни во областа на индустријата, градежништвото, трговијата и останатите услужни дејности), оствариле вкупен промет од 2 078 605 милиони денари и додадена вредност од 445 041 милион денари. За ангажираните 433 008 вработени лица, издвоени биле 229 053 милиони денари.

Најголем промет е реализиран од секторот Трговија на големо и на мало со 39.1 %, а по него следат секторот Преработувачка индустрија со 25.7 %, Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 9.1 %, Градежништво со 6.3 % и секторот Транспорт и складирање со 5.1 %.

Секторот на преработувачката индустрија има најголемо учество во вкупната додадена вредност со 25.9 %, следен од секторот Трговија на големо и на мало со 20.8 %. Значително учество имаат секторот Информации и комуникации, кој создава 9.1 % и секторот Градежништво, кој создава 8.6 % од вкупната додадена вредност.

Во однос на големината на претпријатијата, доминираат микропретпријатијата со помалку од 10 вработени (91.5 %), најголемиот дел од нив се од областа на трговијата. Со ангажирани 33.4 % од вкупно вработените, тие создале 22.5 % од вкупната додадена вредност. Големите претпријатија, со учество од само 0.2 % и со ангажирани 26.7 % од вработените, создаваат 32.4 % од вкупната додадена вредност во рамките на деловниот сектор, и тоа, главно, во секторот Преработувачка индустрија (13.3 %). Сепак, најголем е потенцијалот на малите и на средните претпријатија (со 10 до 249 вработени), кои ангажираа 39.9 % од вработените и создадоа 45.1 % од вкупната додадена вредност во деловниот сектор.

Извештајот на ДЗС можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП