9 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајсиромашните земји се повеќе се задолжуваат

Најсиромашните земји се повеќе се задолжуваат

Дури 26 од најсиромашните земји се најзадолжени од 2006 година, посочува Светска банка во последниот извештај. Таа истовремено укажа и на изложеноста на тие земји на природни и други непогоди.

Земјите со годишен приход по глава на жител помал од 1.145 долари се посиромашни денес отколку пред избувнувањето на пандемијата на Ковид-19, иако поголемиот дел од светот во голема мера закрепна, се сумира во извештајот на германската новинска агенција dpa.

Меѓународната помош како дел од нивниот бруто домашен производ падна на најниско ниво во последните две децении, оставајќи многумина без толку потребното финансирање, објави Светска банка.

Околу 40 отсто од светското население, кое е најзагрозено од сиромаштијата, живее во 26-те земји вклучени во извештајот на банката. 22 од овие земји се во Африка, а останатите се Авганистан, Сирија, Јемен и Северна Кореја. Нивниот долг во просек изнесува 72 отсто од бруто домашниот производ, што е највисок во последните 18 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП