16 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНовиот BlackBerry телефон

Новиот BlackBerry телефон

black1

Новиот „BlackBerry“ беше претставен во средата, како потег со кој некогашниот лидер во производството на „паметни“ телефони од компанијата „Research in Motion“ ќе се врати на сцената.

Компанијата го претстави својот реконструиран оперативен систем преку два нови модела „Q10“ и „Z10“.

Компанијата претстави два нови уреда, едниот со тастатура осетлива на допир (Z10), а другиот со „физичка“ тастатура (Q10). Со цел да се издигнат на повисоко ниво, главното претставување на овие два уреди беше претставено преку видео конференција во Торонто, Лондон, Париз, Дубаи, Јоханесбург, Њу Делхи и Џакарта, така што половина свет имаше можност да ужива во премиерата.

Дијагоналата на екранот на „Q10“ е 7,84 сантиметри, додека екранот на „Z10“ е 10,66 сантиметри, со резолуција од 1280 х 768 пиксели. Позадината и кај двата модела е „рапава“, за да се олесни држењето на телефонот.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП