Брзото возење е една од честите причини за сообраќајни несреќи, па земјите постојано бараат нови начини за справување со тоа. Некои решија да го пробаат со ригорозни мерки.
Специјализираниот портал CarBuzz направи листа на земји со најстроги казни за брзо возење, односно оние земји кои најсериозно пристапуваат кон овој проблем.
Подолу се трите кои се најригорозни во Европа, па доколку се најдете во една од нив ќе треба да платите одредена сума пари за непочитување на законот, но може да се соочите и со други казни.
3.Франција/Монако
Застануваат заедно на третото место затоа што кај нив важат истите сообраќајни закони, а специфичното е што не е важно колку ќе ја надминете дозволената брзина и каде – казната е секогаш 140 евра. Во споредба со многу земји, ова не е огромна парична казна, но интересно е што шансите да завршите во затвор откако ќе го направите овој прекршок неколку пати се големи.
Исто така, ако странецот биде фатен како вози пребрзо, полицијата може или да му го одземе автомобилот и веднаш да го натера да ја плати казната, или да му ја одземе возачката дозвола, па дури и да добие забрана за возење во државата. Кога автомобилот ќе биде одземен, тогаш работата оди на суд каде се утврдува сериозноста на прекршокот и на крајот возилото може да заврши на лицитација.
Исто така, вашето возење во Франција ќе го следат околу 5.000 камери низ целата земја, заедно со уште неколку илјади лажни камери за брзина.
2.Швајцарија
Во оваа земја се оди во затвор поради брзо возење и е добро позната по своите строги закони и нивното спроведување. Во населени места возите до 50 km/h, а на автопатите до 120 km/h.
Највисоката казна е 570 евра, а се смета за опомена и се издава за забрзување до 18 км/ч над дозволеното. Од 19 до 40 км/ч над дозволеното возачката дозвола се одзема еден месец, а над 40 км/ч најмалку три месеци.
Оние возачи кои го надминуваат ограничувањето на брзината за повеќе од 40 км/ч ризикуваат да одат во затвор најмалку една година, а како што можеби веќе знаете, казните се одредуваат според тоа колку данок некој плаќа, па колку некој е побогат, толку е поголема казната
1.Норвешка
Покрај тоа што е европска земја со најниски ограничувања на брзината, Норвешка има и многу строг став кога станува збор за брзо возење. Минималната казна за овој прекршок на автопат е 720 евра, а во населени места може да биде само повеќе од тоа (се оди и до 1.200 евра).
Имено, во населени места брзината е ограничена на 30 km/h, а доколку некој вози, на пример, 55 km/h, возачката дозвола може да му се земе за период кој може да биде од три месеци до три години.
Во Норвешка, оние кои возат 75 км/ч или побрзо во населени места одат во затвор (најмалку 18 дена), а прекршоци од овој тип, освен затвор, може да вклучуваат и казна која вклучува општествено корисна работа.