Побарувачката за таблети и тоа како постои, а тоа уште еднаш го покажаа резултатите од испораката на уредите на „Samsung“. Имено во првиот месец од продажбата „Galaxy Note 3“ е испорачан во преку пет милиони примероци. Оваа информација ја потврдија од јужнокорејската компанија.
Само за споредба, „Galaxy Note II“ во првите 30 дена беше испорачан во три милиони примероци, а за да дојде до бројката од пет милиони му беа потребни два месеци. На оргиналниот „Galaxy Note“ за испораката од пет милиони примероци му беа потребни пет месеци. „Galaxy S4“, кој е со помал екран, во првиот месец беше испорачан во десет милиони примероци.
„Galaxy Note 3“ во однос на својот претходник има уште поголем екран и поголема резолуција, подобрена функционалност со „S Pen“, како и подобрен капацитет на батеријата, иако овој уред е со помали димензии и тежина.