19 април, 2025
ПочетнаСВЕТПилот на Туркиш ерлајнс почина на сред лет, авионот принудно слета во...

Пилот на Туркиш ерлајнс почина на сред лет, авионот принудно слета во Њујорк

Авион на „Туркиш ерлајнс“ принудно слета во Њујорк откако пилотот почина на сред лет, соопшти авиокомпанијата. Инцидентот се случил откако авионот полетал од Сиетл во вторникот вечерта, напиша на социјалните мрежи портпаролот на авиокомпанијата Јахја Устун.

„Пилотот на нашиот Ербас 350… летот ТК204 од Сиетл за Истанбул почина за време на летот. По неуспешниот обид да се пружи прва помош, екипажот на копилотот и копилотот решија принудно да слетаат, но тој почина пред слетувањето“, напиша тој, а пренесе Си-Би-Ес Њуз.

Мапата објавена од компанијата за следење летови FlightAware го покажува авионот како лета над северна Канада и нагло врти кон југ кон Њујорк.

Во соопштението на американската авијација, се наведува дека авионот „безбедно слетал на меѓународниот аеродром Џон Кенеди во Њујорк околу 6 часот наутро по локално време“.

59-годишниот пилот, кој работи за Туркиш ерлајнс од 2007 година, бил подложен на лекарски преглед во март, а тогаш немало знаци на здравствени проблеми, напиша Устун.

Му посакуваме Божја милост на нашиот капетан и трпение на неговото ужалено семејство, на сите негови колеги и најблиски“, рече тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП