28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSony очекува пад на профитот

Sony очекува пад на профитот

Sony-and

Јапонскиот електронски гигант „Sony“ денеска ја намали прогнозата за профитот во оваа година за 40 проценти, а причината за тоа се слабите резутлтати на одделенијата за филмови и телевизиски лиценци.

Компанијата сега очекува во фискалната година која трае до 31-ви март 2014-та да остварат нето-профит од 305 милиони долари.

Прогнозата беше ревидирана, откако „Sony“ во периодот од јули до септември забележа раст на загубата за 25 проценти во однос на истиот период од минатата година или на околу 200 милиони долари.

Одделението за забава, кое произведува филмови и телевизиски емисии, забележа оперативна загуба од околу 180 милиони долари во последниот квартал, додека минатата година ова одделение имаше заработка од 80 милиони долари.

„Sony“ ги трпи последиците од се поголемата конкуренција и падот на глобалната побарувачка на телевизиски апарати.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП