3 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕСакате тоалетна хартија од чисто злато?

Сакате тоалетна хартија од чисто злато?

zlatnatoaletna1

Австралиската веб страна „toiletpaper.com.au“ во својата понуда има тоалетна хартија од 22-картно злато. Производителoт на овој многу екстравагантен предмет за луѓе со длабоки џебови е компанијата „Toilet Paper Man.“.

Цената на една ролна од оваа тоалетна хартија изнесува неверојатни 1,376,900 долари, односно околу милион евра.

zlatnatoaletna2

На страницата тврдат дека на купувачите оваа тоалетна хартија ќе им биде доставена до нивниот дом заедно со едно шише шампањ. Ако стравувате дека користењето на оваа хартија нема да претставува „нежен чин“, не се грижите, станува збор за трослојна хартија.

-Кога во Дубаи видовме дека во некои хотели имаат златни тоалет шољи со златни даски и рачки, сфативме дека ова би било добра идеја, и затоа создадовме 100 проценти златна тоалет хартија.

-Ни беа потребни четири години комплетно да осмислиме и да изработиме една ролна од златната тоалетна хартија, велат на својата веб страница.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП