19 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАОрбан: ЕУ започнува економска студена војна со Кина

Орбан: ЕУ започнува економска студена војна со Кина

Унгарскиот премиер Виктор Орбан смета дека ЕУ започнала „економска студена војна“ со Кина, со воведување царини за увоз на електрични автомобили од кинеско производство.

Орбан изјави за унгарското државно радио дека она што сега Брисел ги принудува своите членови да го прават против Кина е „економска студена војна“.

Унгарскиот премиер, кој го предводеше притисокот да се донесат кинески фабрики за електрични автомобили и батерии во земјата, рече дека Унгарија не сака да биде ограничена од ниту еден блок, туку сака да ја продолжи трговијата со двете страни.

Тој оцени дека ќе биде сè потешко да се продаваат производи произведени во ЕУ доколку светската економија се подели на два блока и дека е нејасно дали Унгарија може успешно да продолжи да ја спроведува својата стратегија за „економска неутралност“.

Германија е против воведувањето на тие царини, изјавиле за „Ројтерс“ добро упатени извори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП