28 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАСината и Space Gray се најпопуларни бои кај iPhone 5C и 5S

Сината и Space Gray се најпопуларни бои кај iPhone 5C и 5S

maxresdefault

Палетата на бои на телефоните на „Apple“ никогаш не била поголема. Додека поскапиот и посериозен „5S“ држи релативно неутрални бои, вклучувајќи ја и златната, која е исклучително дискретна (во споредба со други „златни“ телефони), „iPhone 5C“ со пластично куќиште има поголем избор на бои. Интересно е да се види за кои бои клиентите најмногу се одлучуваат.

Според анкетата спроведена од страна на „Consumer Intelligence Research Partners“, најпопуларен „iPhone 5S“ е со „Space Gray“ ( сиво- црна) бојата. Што се однесува до „iPhone 5C“  најпопуларна боја на овој модел е сината.

Интересно е да се погледне и на интересите за боите поделени според половите. Машките генерално се заинтересирани за „Space Gray“ од моделот „iPhone 5S“, додека жените го преферираат сребрено-белиот модел. Кога станува збор за златниот модел, интересот на двата пола е еднаков. Што се однесува до телефонот „iPhone 5C“, белата боја обично е избрана од страна на мажите, додека розев „5C“ е префериран избор на жените.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП