21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПотврдена одлуката: ЕУ воведува дополнителни царини за електричните возила увезени од Кина

Потврдена одлуката: ЕУ воведува дополнителни царини за електричните возила увезени од Кина

Предлогот на Европската комисија за воведување конечни компензаторни давачки за увоз на електрични возила со батерии (BEV) од Кина денеска ја доби потребната поддршка од земјите-членки на ЕУ, соопшти Комисијата.

Комисијата сега може да ја зголеми царинската стапка до 35 отсто од постојните 10 отсто. Оваа одлука треба да стапи во сила до крајот на октомври.

Целта на зголемувањето на царинските стапки е повторно да се воспостават фер услови на пазарна конкуренција со производителите кои имаат корист од големите јавни субвенции.

Кина, од своја страна, го осудува овој „протекционистички“ пристап и веќе започна антидампинг истраги за производи како што се свинско месо, млечни производи и алкохолни пијалоци на база на вино увезени од Европа, како и коњак.

Германија, која најмногу се противи на воведувањето казнени тарифи за кинеските автомобили, не успеа да го убеди малцинството. Се плаши од кинеска одмазда што може да ја погоди нејзината автомобилска индустрија. Кон неа се приклучија само четири земји – Унгарија, Словачка, Словенија и Малта.

За одлуката на Комисијата беа 10 земји-членки, а останатите беа воздржани.

Бидејќи земјите-членки се поделени по прашањето – не беше потребно квалификувано мнозинство, односно најмалку 15 земји-членки кои сочинуваат најмалку 65 проценти од населението на ЕУ не беа ниту за, ниту против одлуката. Комисијата сега има одврзани раце да наметне компензаторни давачки, кои ќе се применуваат и на моделите произведени во Кина кои се во сопственост на не кинески граѓани.

Во исто време, Комисијата го продолжува дијалогот со Кина за да се обиде да најде решение преку преговори, а дополнителните царини може да бидат укинати веднаш штом ќе се најде компромис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП