Просечната плата во август годинава без даноци и придонеси во Црна Гора била 861 евро, објави црногорската управа за статистика (Монстат).
Според последните податоци, најдобро платени се во финансискиот и осигурителниот сектор, каде просечната плата е 1.342 евра, а снабдувањето со струја, гас, пареа и климатизација е 1.243 евра.
Најниски плати се забележани во секторите управна и помошна услужна дејност 688 евра и преработувачка индустрија 687 евра.
По општини, највисоки просечни плати во август имало во Тиват 1.052 евра и Зета 989 евра, а најниски во Петњица 749 и Тузи 719 евра.
Во август просечните плати над 1.000 евра се забележани и во секторите информации и комуникации, 1.117 евра, рударство и вадење камен 1.042 евра и бизнис со недвижности 1.040 евра.
Според истите статистички податоци, августовските плати од над 861 евро биле во секторите државна администрација и одбрана, задолжително социјално осигурување 945 евра, здравствена и социјална заштита 919 и образование 862 евра.
Пониски августовски плати од просекот се забележани во секторите стручни, научни и технички дејности 806 евра, транспорт и складирање 834 евра, градежништво 814, сместување и услуги за храна 822 евра, земјоделство, шумарство и рибарство 758, уметнички, забавни и рекреативни дејности 784, отстранување отпад и слични дејности 736, други услужни дејности 771, водоснабдување; управување со отпадни води, контрола на процеси 856 и трговија на големо и мало и поправка на моторни возила и мотоцикли 748 евра.