28 март, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНето надворешниот долг зголемен за 109 милиони евра во првата половина од...

Нето надворешниот долг зголемен за 109 милиони евра во првата половина од годината

Народната банка го објави редовното статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција.

На крајот на вториот квартал од 2024 година, нето надворешниот долг изнесува 4.481 милион евра (или 30,8% од проектираниот БДП). Нето надворешниот долг на земјата, во вториот квартал од 2024 година е зголемен за 109 милиони евра, или за 2,5%. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 64%.

Во текот на вториот квартал од 2024 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 185 милиони евра и изнесува 8.622 милионa евра, што претставува 59,2% од проектираниот БДП за 2024 година.

Најновото соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција е достапно на следната врска:

https://www.nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/ND%20NP%20MIP/2024/Soopstenie_dolg_MIP_Kv.2_2024.pdf

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП