Граѓаните на САД и претставниците на ФЕД имаат причина да слават бидејќи инфлацијата почна да се намалува во август, охрабрувајќи ги креаторите на монетарната политика дополнително да ги намалат каматните стапки.
Индексот за лична потрошувачка (PCE), важен показател за инфлацијата за Федералните резерви на САД, се зголеми за 2,2 отсто на годишно ниво во август, забавувајќи се од јулските 2,5 отсто.
Вредноста на овој индекс сега е најниска од февруари 2021 година, кога изнесуваше 1,9 отсто, пренесува CNN.
Основниот индекс на расходите за лична потрошувачка се зголеми за 2,7 отсто во август, што е благо забрзување од јулските 2,6 отсто, објави денеска американското Биро за економски анализи (БЕА).
Двата индекса забележаа месечен пораст од 0,1 отсто во однос на јули.
Денешниот извештај за инфлацијата сигнализира дека ФЕД може повторно значително да ги намали каматните стапки на следниот состанок за монетарната политика, пишува американскиот медиум.
Федералните резерви на САД ги намалија каматните стапки за 50 базични поени овој месец.