23 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАДржавниот пазарен инспекторат издаде осум прекршочни налози, денеска се контролираат помалите маркети...

Државниот пазарен инспекторат издаде осум прекршочни налози, денеска се контролираат помалите маркети и бурекџилници

Денес, се контролираат бурекчилниците, помалите маркети и други трговци на мало. Излезени се 47 тима на терен, односно 135 инспектори на ниво на цела Република Северна Македонија, информираат од Државниот пазарен инспекторат.

„Во согласност со одлуката на Владата за посебни услови за трговијата на одделни стоки („Службен весник“ на РСМ бр. 196/24) извршени се над 60 надзори на целата територија на Република Северна Македонија. Издадени се 8 прекршочни платни налози во висина од над 1.196.000 денари, а кај другите субјекти постапките се во тек“, нагласуваат во соопштението.

Напоменуваат дека толеранција нема да има и дека трговците имаат обврска да ја почитуваат одлуката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП