
Сопственикот на брендот за накит „Perla Penna“, Елија Џакомети во 2011 година, инспириран од големиот интерес и побарувачка за скапоцен телефон од страна на највлијателните и богатите поединци, креираше линија на луксузни „Caviar iPhonе“, рачно изработени телефони со 18 каратно италијанско злато, егзотична кожа и ретки материјали, тој оваа линија ја нарече според најскапата храна, односно кавијар. Со текот на времето колекцијата на овие луксузни телефони растеше, нудејќи лимитирани изданија, вистински уметнички дела базирани на „iPhone 4S“ и „iPhone 5“.


