7 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАКој плаќа најскапа, а кој најевина струја во Европа? Каде е Македонија...

Кој плаќа најскапа, а кој најевина струја во Европа? Каде е Македонија (ИНФОГРАФИК)

Ниските цени на енергенсите во Македонија се посочуваат во последните години, но ако се погледне цела Европа, сепак има поевтини земји. Тука треба да се земе предвид и стандардот на граѓаните.

Поконкретно, кога станува збор за домаќинствата од Европската Унија со годишна потрошувачка меѓу 2.500 и 5.000 киловат часови, граѓаните во Македонија плаќаат 12 евроценти за киловат час, вклучувајќи ги сите даноци и давачки.

Најскапа струја плаќаат Германците, каде киловат час чини 40 центи, а по нив следат Ирците, каде еден киловат час чини 38 центи.

На другиот крај на скалата најевтини се граѓаните на соседните Унгарија и Бугарија, каде цената за киловат е 11, односно 12 евроценти.

Ако ја погледнеме цела Европа, тогаш најевтино е во Турција со само шест евроценти. Што се однесува до нашето соседство, граѓаните во Босна и Херцеговина плаќаат осум евроценти, Србите десет евроценти, Црногорците 11 евроценти, Хрватите 15 евроценти,  а Совенците 21 евроценти.

Интересен пример е Норвешка, каде просечната месечна нето плата е 4.465 евра, а киловат час граѓаните ги чини само 19 центи.

Photo: Marko Picek/PIXSELL

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП