16 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСрбија Карго и изнајми четири електрични локомотиви на Македонски железници

Србија Карго и изнајми четири електрични локомотиви на Македонски железници

Акционерското друштво за железнички транспорт на стоки Србија Карго денеска соопшти дека склучило договор со Македонски железници, на која ќе и изнајми четири електрични локомотиви од серијата 461.

Србија Карго наведува дека овој договор носи бројни придобивки, бидејќи значително ќе го забрза протокот на стоки од грчките пристаништа, како Солун и Пиреја, преку Северна Македонија и Србија, што ќе овозможи побрз транзит кон Европската унија.

„Се очекува оваа иницијатива значително да придонесе за зголемување на приходите на двете железнички компании и подобрување на нивните деловни процеси“, се додава во соопштението.

Се проценува дека закупот на дополнителни локомотиви на македонската компанија ќе овозможи зголемување на капацитетот на транзитниот сообраќај на Коридорот 10, кој делумно минува низ Србија.

„Србија Карго генерира дополнителен приход со изнајмување достапни локомотиви, додека Македонски железници со овој закуп обезбедува поефикасен транспорт на транзитни возови, вклучително и оние на големите компании како Коско, обезбедувајќи континуитет на сообраќајот низ Србија“, се вели во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП