8 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија лансира фонд за инвестирање во суровини за 1 милијарда евра

Германија лансира фонд за инвестирање во суровини за 1 милијарда евра

Германската влада започнува инвестициски фонд за суровини од 1 милијарда евра, пишува „Bloomberg“, повикувајќи се на објава на заменик-министерката за економија Франциска Брантнер на платформата „X“.

Целта на Берлин е да ја ограничи својата зависност од суровини од другите производители, а особено од Кина – водечки производител на критични материјали, додава агенцијата.

„Во време на растечка геополитичка несигурност, од клучно значење е Германија да ја зајакне својата отпорност во синџирите на снабдување со критични суровини“, напиша Брантнер, која е член на Зелените, еден од партнерите во владината коалиција на канцеларот Олаф Шолц.

Прекините на синџирот на снабдување предизвикани од пандемијата и руската војна во Украина ја изложија ранливоста на зависноста на Европа од ограничен број трговски партнери за енергија и суровини за високотехнолошки и зелени проекти.

Објавата на Брантнер ја потврдува информацијата што „Bloomberg“ ја објави уште во февруари за плановите за фондот, кој ќе биде контролиран од државната развојна банка „KfW“.

„Со фондот ќе инвестираме капитал во проекти и дома и во странство, од рударство до преработка и рециклирање“, вели Брантнер.

Владата и „KfW“ во следните неколку недели ќе одлучат каде треба да се направат првите инвестиции, изјави владин претставник кој сакаше да остане анонимен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП