Не му се гледа крајот на колебањето на германската економија со „растечката несигурсност на економската политика“, но ниту тешка рецесија, оцени во четвртокот Бундесбанката.
„Домашната економија плови низ тешки води“, велат од Бундесбанк и истакнаа дека нејасната економска политика на Владата ги обесхрабрува компаниите да инвестираат.
Сепак, не се очекува рецесија во смисла на позначајно, пошироко и трајно назадување на економијата.
Надуените трошоци за финансирање особено влијаат на долгорочната градежна индустрија, а домашната потрошувачка не е ни блиску до достигнување.
Двата сегменти се важни столбови на германската економија.
Последиците од економската промена во меѓувреме почнаа да оставаат позабележителен белег на пазарот на трудот, продолжува германската централна банка.
Бројот на вработени и натаму е висок, но стапката на вработеност забавува.
Според оценката на Бундесбанк, германската економија помалку или повеќе ќе стагнира во третиот квартал, без значителен раст или пад.