3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФЕД регистрира застој во американскиот економски раст

ФЕД регистрира застој во американскиот економски раст

Federal_Reserve

Управата на федералните резерви на САД (ФЕД), оцени дека е регистриран застој во американскиот економски раст, но сепак реши да не ја менува својата монетарна политика.

По синоќешното завршување на дводневното заседание на управниот Комитет за слободен пазар на ФЕД, управата соопшти дека оваа институција, која ја има улогата на централната банка на САД, останува на својата определба за стимулирање на поттикот на американската економија.

Комитетот реши да не ја менува монетраната политика на ФЕД, нагласувајќи дека нема да се откаже од енергичните мерки за намалување на невработеноста утврдени кон крајот на минатата година.

ФЕД  минатиот месец реши да ја задржи својата основна каматна стапка на рекордно ниското ниво од 0,25 отсто, се додека невработеноста во САД не опадне под 6,5 процнети. Управата тогаш исто така одлучи да продолжи со праксата секој месец да купува државни и хипотекарни обврзници во вредност до 85 милијарди долари, со цел да ја одржи ниската цена на кредитирањето и да ги ограничи трошоците.

Американското Министерство за трговија вчера соопшти дека најголемата економија во светот во последниот квартал од минатата година забележала пад од 0,1 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП