8 јули, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПросечната јулска нето плата во Хрватска 1.315 евра

Просечната јулска нето плата во Хрватска 1.315 евра

Просечната јулска нето плата во Хрватска изнесува 1.315 евра, што номинално и реално исто како и во јуни, објави денеска хрватскиот Државен завод за статистика (ДЗС).

На годишна основа, просечната хрватска нето плата е номинално повисока за 15,2 отсто, а реално за 12,7 отсто, во однос на јули 2023 година.

Највисоката просечна месечна нето-плата по вработен за јули 2024 година е исплатена во секторот авиосообраќај и изнесува 2.248 евра.

За разлика од нив, најниска просечна нето плата во Хрватска е забележана во производството на облека во јули и изнесува 856 евра, се наведува на веб-страницата на ДЗС.

Медијалната нето плата во Хрватска за јули изнесува 1.130 евра, што значи дека половина од вработените во Хрватска заработуваат помалку од споменатата сума.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар