Binance, најголемата светска берза за криптовалути, забележа пораст од 40 отсто на бројот на институционални и корпоративни инвеститори оваа година, изјави извршниот директор на Binance, Ричард Тенг, на маргините на конференцијата во Сингапур.
Тој го смета тоа само за „врвот на ледениот брег“ и почеток на долгорочен тренд, пренесува CNN.
Тенг не ги спомна имињата на конкретни институции и корпорации кои почнале да инвестираат во крипто индустријата.
Овој податок открива дека богатите инвеститори се повеќе се интересираат за можностите за инвестирање во криптовалути, наведува американската медиумска куќа.
Ричард Тенг дојде на чело на крипто берзата Binance во ноември минатата година, откако претходниот извршен директор Чангпенг Жао поднесе оставка како дел од спогодбата со американскиот суд.