28 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАNikon претстави нови фотоапарати

Nikon претстави нови фотоапарати

nik

Компанијата „Nikon“ ја прошири својата палета на „COOLPIX“ компактни фотоапарати, со 5 нови модели кои наскоро ќе стигнат и на домашниот пазар, соопштија од компанијата.

Станува збор за новите модели „COOLPIX P520“ и „COOLPIX L820“ како и фотоапарати од „COOLPIX S“ серијата – S9500, S5200, S9400.

Моделот  „P520“ е полупрофесионален фотоапарат кој работи со автоматско и со мануелно подесување за понапредните корисници. Поседува „NIKKOR“ објектив со оптички зум од 42x,18- мегапиксели „CMOS“ сензор, 3,2 инчи делумно подвижен LCD монитор, Full HD видео и вграден GPRS ,се наведува во соопштението.

„COOLPIX L820“ има класичен изглед и автоматско подесување. Покрај тоа, „L820“ поседува „NIKKOR“ широкоаголен оптички зум од 30x, 16 мегапиксели „CMOS“ сензор, 3,0 инчи LCD монитор со 921.000 точки кој подржува фотографирање од друг агол.

Моделот „S9500“ фотоапарат со 18 мегапиксели, со Wi-Fi, оптички зум од 22x, „OLED“ екран од три инчи и вграден GPS.

nik1

Фотоапаратот „S5200“, е 16 мегапиксели со Wi-Fi, „NIKKOR“ широкоаголен зум објектив од 6x и 3,0 инчи LCD екран со висока резолуција (460.000 точки).

И на крај, „S9400“ поседува „NIKKOR“ оптички зум објектив од 18x и 3,0 инчи „OLED“ екран.

Сите модели поседуваат „CMOS“ сензор со позадинско осветлување, помали вибрации при поместување на објективот и опција за снимање на Full HD (1080p) видео.

„Nikon“ претстави и робусен фотоапарат за активности на отворено, отпорен на вода до 18 метри, со Wi-Fi, како и „S31“ фотоапарат со 10 мегапиксели, истотака отпорен на вода, удари и прашина.

Исто така постојат и два нови уреди од „L“ серијата, „L27“, „L28“, со 16 и 20 мегапиксели, за снимање на квалитетни слики и видеа.

nik2

„Nikon“ лансираше и два нови објективи, „AF-S NIKKOR 800 f/5.6E FL ED VR“ со „AF-S“ телеконвертер „TC800-1.25E ED“, први објективи кои користат софистицирана технологија и материјали, како што е елекромагнетната контрола на блендата и елементи од флуорит, покрај веќе проверените функции, како што е редукцијата на вибрациите и нано кристалниот слој.

Последниот производ е новиот широкоаголен зум објектив, „AF-S NIKKOR 18-35mm f/3.5-4.5 ED“, кој поседува подобрена оптичка конструкција и „silent wave“ мотор за тивок, брз, прецизен автоматски фокус, кога ќе се прикачи на било кој „Nikon D-SLR“ фотоапарат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП