28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИThomson Reuters укинува 4.500 работни места во финансискиот сектор

Thomson Reuters укинува 4.500 работни места во финансискиот сектор

thomsonreuters1

Глобалната финансиско-информациската групација „Thomson Reuters“ до крајот на 2014 година во својот финансиски сектор ќе укине околу 4.500 работни места, јавија во вторникот агенциите.

На тој чекор компанијата се одлучи поради падот на профитот, а после темелните анализи ќе отпушти многу поголем број на луѓе отколку што се очекуваше. Компанијата, која исто така ја поседува новинската агенција „Reuters“, се наоѓа на средина на целокупен процес на реструктуирање кој посебно го зафати финансискиот дел.

Нето добивката на акционерите во третиот квартал паднала од минатата година за 39 проценти, на 271 милион долари.

Извршниот директор Џејмс Смит, меѓутоа, истакнува дека компанијата е „во налет“, наведувајќи дека вкупниот приход за прв пат пораснал од вториот квартал во 2011 година.

Смит на почетокот на годината ги информираше вработените дека компанијата ќе мора да донесе некои „тешки одлуки“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП