13 октомври, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе намалуваат цените на горивата од полноќ

Се намалуваат цените на горивата од полноќ

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,079%, кај дизелот за 4,246%, кај екстра лесното маслоза 4,162% и кај мазутот има намалување за 3,434%.

Од 17.9.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС – 95 73,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС – 98 75,50 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 67,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) 66,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 41,328 (денари/килограм)

Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,989 ден/кг и сега ќе изнесува 41,328 ден/кг.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1676 %.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП