„L’Incomparable“ дијамантскиот ѓердан од брендот „Mouwad“ со најголемиот беспрекорен дијамант е најскапиот ѓердан на светот.
„Mouwad“ е бренд кој влезе во Гинисовата книга на рекорди дури три пати, а со овој ѓердан ќе успее и четврти пат.
Тежината на овој дијамант е 407,48 карати, тој е најголемиот беспрекорен дијамант кој е пронајден во Република Конго во 1980 година, заедно со него на овој ѓердан се искомбинирани и 890 карати розево злато и 637 карати бели дијаманти.
Овој дијамант често е нарекуван „The Golden Giant“, а неверојатен е фактот дека е пронајден од страна на мало девојче пред куќата на нејзиниот вујко. Вредноста на овој ѓердан е 55 милиони долари и тој во моментов се наоѓа на продажба.