13 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропската централна банка ја намали каматната стапка на депозитите за 25 базични...

Европската централна банка ја намали каматната стапка на депозитите за 25 базични поени на 3,5 отсто

Управниот совет на Европската централна банка (ЕЦБ) денеска одлучи да ја намали каматната стапка на депозитите за 25 базични поени на 3,5 отсто.

Како што е наведено, ЕЦБ очекува стапката на инфлација во еврозоната да биде 2,5 отсто во 2024 година и да падне на 2,2 отсто во 2025 година и 1,9 отсто во 2026 година, што е исто како и во јунската прогноза.

Според прогнозата на ЕЦБ, основната стапка на инфлација ќе падне на 2,9 отсто оваа година, на 2,3 отсто во 2025 година и на два отсто во 2026 година.

„Условите за финансирање остануваат рестриктивни, а економската активност останува пригушена, како одраз на слабата приватна потрошувачка и инвестиции“, се вели во соопштението.

Европската централна банка очекува економски раст на еврозоната во 2024 година од 0,8 отсто и забрзување до 1,3 отсто во 2025 година и 1,5 отсто во 2026 година, што е нешто помалку од јунската прогноза.

Управниот совет на ЕЦБ не се обврзува однапред на конкретен курс на камати и неговата понатамошна монетарна политика ќе зависи од добиените податоци, се додава во соопштението.

Каматните стапки на главните операции за рефинансирање се намалени на 3,65 отсто, а каматната стапка на маргиналните кредитни капацитети ќе биде 3,9 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП