Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр. 09/2024 за долгови доспеани до 31.05.2024 и неплатени до 31.08.2024 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
На Листата на должници бр.09/2024 објавени се 2000 должници – правни лица (повеќе за 8 од претходната листа) и 3794 физички лица (помалку за 48 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.09/2024 изнесува 11.107.412.720 денари, (помалку за 28.436.738 денари од претходната листа).
Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10.930.371.528 денари, (помалку за 48.221.732 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 177.041.192 денари (повеќе за 19.784.994 денари од претходната листа).
Комплетната Листа на должници можете да ја погледнете тука.