Според Државниот завод за статистика, инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во август 2024 година, во однос на јули 2024 година, изнесува 0.5 %.
Зголемувањето на инфлацијата во август 2024 година, во однос на јули 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: храна и безалкохолни пијалаци за 1.2 %, рекреација и култура за 1.1 %, здравје за 0.8 %, ресторани и хотели за 0.7 %, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.6 %, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата, комуникации за 0.5 %, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.1 %.

