5 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАLinkedIn продолжува да расте!

LinkedIn продолжува да расте!

Coletivo-Mambembe

Според официјалните податоци, друштвената мрежа која е наменета за професионални контакти, „LinkedIn“, во моментов има 259 милиони месечни активни корисници.

Тоа е раст во однос на 238-те милиони колку што имаа во претходниот квартал или 187 милиони колку што беа пред една година.

Покрај податоците за бројот на корисници, „LinkedIn“ ги објави и своите финансиски резултати од последниот квартал, а тие говорат за заработка од 0,39 долари по акција.

Вкупните приходи изнесуваа 393 милиони долари, што е нешто над од предвидувањата на аналитичарите од „Wall Street“, додека пак предвидувањата на компанијата за наредниот квартал се 415 милиони долари.

„LinkedIn“ го надмина „Twitter“ кои има 230 милиони активни корисници, но и натаму е далеку зад „Google Plus“ со 300 милиони и „Facebook“ со 1.15 милијарди, колку што имаа според податоците во јуни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП