Амброзијата порано била храна на боговите, додека денес првата асоцијација е неподнослива и се почеста алергија. А кога зборуваме за храна, одредени видови храна можат да помогнат во ублажување на симптомите.
Амброзијата во моментов дивее поради убавото време, а сите што се алергични на поленот на оваа озлогласена трева со денови се борат со симптомите.
Покрај класичната терапија што се користи во лекувањето на алергија на ајдучка трева, постојат одредени алтернативни методи – една од нив е исхраната.
Кромид, пиперки, бобинки и магдонос – содржат кверцетин. Еден од најистакнатите растителни флавоноиди природно го блокира ослободувањето на хистамин во телото, протеин во телото кој предизвикува иритација, воспаление и оток.
Киви и цитруси– богати се со витамин Ц, кој ја зајакнува природната одбрана на организмот.
Туна, лосос и скуша – богати се со омега-3 масни киселини кои делуваат на воспаленијата. Јадете риба најмалку два пати неделно.
Кефир – ризница на пробиотици, ја враќа рамнотежата на цревната микрофлора. Истражувањата докажаа дека луѓето кои консумираат кефир се поотпорни на полен и имаат повисоко ниво на антитела кои штитат од алергиски реакции.
Ананас – содржи бромелаин. Овој ензим, присутен само во гореспоменатото овошје, суров, помага во ублажување на симптомите на алергија со тоа што делува како посредник помеѓу нападот на алергија и воспалението што го предизвикало.
Ѓумбир – помага да се намали секретот. Тој е природен антихистамин, го зајакнува имунитетот и го штити организмот од полен.
Семки од сончоглед – ја намалуваат воспалителната реакција на организмот.
Јаболков оцет – го намалува таложењето на слуз и го чисти лимфниот систем.