Економијата на САД додаде помалку работни места од очекуваното во август, што ја одразува континуираната слабост на пазарот на труд, но и отворајќи го патот на ФЕД да ги намали каматните стапки на состанокот во септември.
Во текот на август се отворени 142.000 работни места, што е повеќе од податоците од јули од 89.000, но под консензусот од 161.000 работни места.
Стапката на невработеност падна од 4,3 во јули на 4,2 отсто, што е во согласност со консензусот.
Тримесечниот просек на нови работни места е само малку повисок од 100.000.
Вкупната работна сила се зголеми за 120.000 во текот на месецот, што овозможи невработеноста да се намали за 0,1 процентен поен, иако стапката на учество во работната сила остана на 62,7 отсто.
И додека податоците од август беа слични на очекувањата, претходните два месеци претрпеа значителни надолни ревизии. Бројката од јули беше ревидирана за 25.000, додека јунската ревизија беше поостра, за 61.000 работни места.
На планот на платите, просечната заработка на час порасна за 0,4 отсто месечно или 3,8 отсто на годишно ниво, и двете бројки го надминаа консензусот од 0,3 отсто и 3,7 отсто, соодветно.
Ова е последниот извештај за невработеноста пред состанокот на ФЕД на 17-18. Септември, а пазарот очекува пад на каматните стапки со 100% веројатност. Намалување на каматната стапка од 25 базични поени во моментов е веројатно за 63 отсто, а се очекува намалување на половина процентен поен со веројатност од 37 отсто.