Според податоците на Државниот завод за статистика(ДЗС), во второто тримесечје од 2024 година, бројот на активното население во Република Северна Македонија е 790 152 лица, од кои вработени се 691 736, а 98 416 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 52.1, стапката на вработеност 45.6, додека стапката на невработеност е 12.5.
Податоците на ДЗС можете да ги погледнете тука.