16 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманската економија ќе стагнира оваа година

Германската економија ќе стагнира оваа година

Институтот „Ifo“ ја намали прогнозата за раст на германската економија оваа година и сега очекува таа да стагнира, откако претходно предвиде дека ќе порасне за 0,4%. Ова го посочуваат заклучоците од најновата анализа на Германскиот економски институт.

Експертите ја намалуваат својата прогноза за нивото на германскиот бруто домашен производ (БДП) и во наредната година. Институтот со седиште во Минхен очекува германскиот БДП да порасне за 0,9% во 2025-та година, наместо 1,5% наведени во претходната прогноза.

Институтот предвидува и дека германската економија ќе порасне за 1,5 отсто во 2026-та година.

„Германската економија е во застој. Таа се гуши, додека во другите земји има подем“, изјави шефот на одделот за економски прогнози на „Ifo“, Тимо Волмершаузер.

„Сведоци сме на структурна криза. Инвестициите се премали, особено во индустрискиот сектор, а продуктивноста стагнира со години. Сведоци сме и на економска криза. Лоша е состојбата со нарачките од клиентите на компаниите. Зголемувањето на куповната моќ на домаќинствата не води до зголемување на нивната потрошувачка, туку до зголемување на нивните заштеди, бидејќи луѓето се чувствуваат несигурни за економската ситуација“, додава Волмершаузер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП