ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонска берза го објави Месечниот статистички билтен за август 2024

Македонска берза го објави Месечниот статистички билтен за август 2024

Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.08 – 31.08.2024 година вкупниот промет изнесувал 511.916.314 денари и е помал во однос на претходниот месец за 61.28 отсто.

Класичното тргување изнесувало 393.007.266 денари и е намалено во однос на јули за 68,96 отсто.

Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 389.138.627 денари и обврзници во вредност од 3.868.639 денари.

Блок трансакциите за август изнесувале 118.909.048 денари.

Бројот на трансакции во август изнесувал 1.564 и е намален за 42,56 отсто во однос на јули кога изнесувал 2.723.

Најтргувани акции на официјалниот пазар за август се на Комерцијална Банка АД Скопје, следи Алкалоид АД Скопје и третото место го зазема НЛБ Банка АД Скопје.

Месечниот статистички билтен за август 2024 година можете да го погледнете тука.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП