Астероид кој беше откриен само неколку часа пред да влезе во атмосферата на Земјата изгоре над островот Лузон на Филипините. Астероидот со големина од еден метар го откри проектот на НАСА „Catalina Sky Survey“, па веднаш беше јасно дека поради својата големина не претставува никаква закана, односно ќе изгори во атмосферата.
Но, што ако се работеше за поголем вселенски објект? Ова е само деветти пат да откриеме астероид пред да стигне до Земјата, иако Европската вселенска агенција (ESA) вели дека астероид од еден метар удира на секои две недели.

