22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАОфицијален претставник на Европската централна банка: Европа заостанува зад САД поради пониската...

Официјален претставник на Европската централна банка: Европа заостанува зад САД поради пониската продуктивност и пониските инвестиции

Европа економски заостанува зад САД поради помалата продуктивност и помалите инвестиции, особено во новите технологии, изјави Пјеро Циполоне, член на Извршниот одбор на Европската централна банка (ЕЦБ).

„Нашата главна грижа е продуктивноста. Во последните 30 години, зголемувањето на часовната продуктивност во еврозоната е половина од онаа на САД“, рече Циполоне во интервју за француски „Монд“.

Според него, Европа не успеа да поттикне појава на компании кои се доволно големи за да бидат конкурентни на глобално ниво и не ја користи најдобро својата клучна предност – единствениот европски пазар.

„Нашите финансиски пазари и пазари на производи се поделени по национални линии. Ова го ограничува финансирањето и развојот на европските фирми, а со тоа и нивната способност да се натпреваруваат на меѓународно ниво“, додаде Циполоне.

Тој се осврна и на овогодинешното Европско фудбалско првенство од економски аспект.

„Ова беше европски настан на европско тло, но ако сакате да купите билети преку Интернет, требаше да користите американски платежни системи Visa или Mastercard или кинески Alipay. Тоа е една од причините зошто работиме на дигиталното евро, кое треба да биде електронска форма на готовина за дигитални плаќања“, рече Циполоне во разговорот објавен на веб-страницата на ЕЦБ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП