9 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАМФ: Ажурирани податоците на порталот „Отворени финансии“

МФ: Ажурирани податоците на порталот „Отворени финансии“

Министерството за финансии ја информира јавноста дека е отстранет техничкиот проблем и податоците на порталот “Отворени финансии“ се ажурирани.

“Поради нестручност на фирмата која го одржува порталот, воедно и поради недостаток на ИТ кадар, системот не бил навремено одржуван, а проблемот започнува да се јавува уште во месец февруари. Вработените од ИТ секторот во координација со новиот советник за ИТ технологии успешно го вратија во функција порталот “Отворени финансии” и ќе продолжат да работат на негово подобрување. Податоците ќе продолжат да се ажурираат согласно утврдената динамика на нивно објавување. Корисниците преку овој портал можат да пребаруваат информации за реализација на Буџетот одделно по институции и извршени трансакции. Порталот претставува алатка за унапредување на транспарентноста и и дава на јавноста увид во трошењета на парите на граѓаните од страна на буџетските корисници”, се вели во соопштението на Министерството за финансии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП