28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNokia со помала загуба, акциите растат!

Nokia со помала загуба, акциите растат!

nokajaa

Финскиот производител на мобилни телефони „Nokia“ објави нето-загуба од 104 милиони евра во третиот квартал, додека една година порано таа изнесуваше 934 милиони евра.

Во последното тримесечје нето-продажбата на финскиот производител изнесува 5.7 милијарди евра (7.8 милијарди долари), односно 22 проценти помалку во споредба со истиот период од минатата година. По овие резултати, акциите на „Nokia“ забележаа раст за над 7 проценти.

Во овој период компанијата има продадено 8.8 милиони паметни телефони со оперативниот систем на американскиот софтверски гигант „Microsoft“, додека во вториот квартал тие беа 7.4 милиони примероци, а една година порано – 2.9 милиони уреди.

Ова е првиот извештај на „Nokia“, откако компанијата објави дека ќе го продава одделот за мобилни телефони на „Microsoft“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП