4 октомври, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурција мора наскоро да докаже дека е сериозна во борбата против инфлацијата

Турција мора наскоро да докаже дека е сериозна во борбата против инфлацијата

Прогнозата за минималната плата на Турција веќе се разгледува за насоки за тоа дали претседателот Реџеп Таип Ердоган ќе ѝ сврти грб на својата популистичка економска политика и ќе го одржи ветувањето дека ќе ја спречи инфлацијата, една од највисоките во светот.

Во декември треба да започнат разговорите за оваа политички инволвирана одлука, пишува „Bloomberg“. Ердоган, кој го има последниот збор, во минатото значително ја зголеми минималната плата во обид да ги придобие гласачите кои се борат со кризата на трошоците за живот, зголемувајќи ја за 49 отсто оваа година.

Зголемената домашна побарувачка ја отежнува контролата на инфлацијата, која моментално изнесува 62%, и го отежнува исполнувањето на целта на централната банка за нејзино намалување на 38% оваа година и на 14% до крајот на 2025-та година. Над една третина од Турската работна сила заработува минимална плата.

Меѓутоа, откако беше реизбран во 2023-та година, Ердоган назначи економски тим предводен од министерот за финансии Мехмет Шимшек, фокусиран на политики поповолни за пазарот. Гувернерот на централната банка Фатих Карахан, кој ја презеде функцијата во февруари, ги зголеми каматните стапки на 50%.

Инвеститорите се надеваат на помало зголемување на платите во 2025-та година што ќе се приближи до целта за инфлација на централната банка.

Аналитичарите на „Deutsche Bank“ прогнозираат годишна инфлација за оваа година од 42% и 23% за 2025-та година.

„Ова подразбира зголемување на минималната плата од 25-30%, под претпоставка дека има еднократно зголемување за 2025-та година, како што беше за 2024-та година“. посочуваат тие.

Слична порака е испратена и до владата од бизнисот, според познавачите на дискусиите.

Тие, исто така, велат дека властите ја разбираат загриженоста за поостриот пораст, но не презеле никакви обврски.

Турската влада одби да коментира.

Одржувањето на зголемувањето на минималната плата во согласност со прогнозите за инфлацијата на централната банка ќе им сигнализира на инвеститорите дека земјата сериозно сака да ги скроти ценовните притисоци.

„Секое зголемување над 30% ќе го отежне исполнувањето на прогнозата за инфлација на крајот на годината во рамките на инфлациската траекторија на централната банка до крајот на 2025-та година“, велат аналитичарите на „Deutsche Bank“.

„Зголемувањето од близу 25% веројатно ќе биде идеално и за поддршка на куповната моќ на потрошувачите и во исто време за ограничување на нагорниот притисок врз инфлацијата“, додаваат тие.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП